Вест хем не може без драма – Чеканите со 10 играчи стасаа до 2:2, но загубија од Њукасл

Вест хем продолжи да игра драматични мечеви со многу пресврти и голови, но попладнево фудбалската вртелешка беше на страна на противникот Њукасл, кој победи со 3:2.

Домаќините почнаа како по ноти и со автоголот на Диоп и погодокот на Жоелинтон поведоа со 2:0 по првото полувреме. Патем Вест хем остана и со 10 играчи на терен, по исклучувањето на Доусон, што им ги намали шансите за евентуален подвиг.

Но, Чеканите кои играат одличен и офанзивен фудбал не се предадоа и за само 300 секунди од 73. до 78. минута постигнаа два гола преку Диоп и Лингард и израмнија на 2:2.

Сепак подвиг на „Сент Џејмс парк“ во режија на Вест хем не се случи, а го спречи Вилок со победнички гол за Њукасл во 83. минута.

Популарните Чавки освоија многу значајни бодови за опстанок и сега се на безбедната 15. позиција со 35 бода, девет над опасната зона.

Вест хем остана на четвртото место со 55 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести