Вест Хем објави: Мајкил Антонио има скршена нога, денеска бил опериран

Премиерлигашот Вест Хем објави дека на Мајкил Антонио, денеска му била направена операција за санирање на скршеница на долниот екстремитет, повреда здобиена во вчерашната сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила во Есекс, а британските медиумите објавија фотографија од автомобилот на Антонио на кој се гледа значителна штета.

Сезонава 34-годишниот Антонио одигра 14 натпревари во Премиер лигата, постигна 1 гол, а имаше и една асистенција. За репрезентацијата на Јамајка има 5 гола на 21 натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести