Вестбрук донираше 650 компјутери на деца за да може да следат онлајн настава

Една од најголемите кошаркарски ѕвезди на денешницата, Расел Вестбрук, ја покажа и хуманата страна. Играчот на Хјустон рокетс купи и донираше 650 лаптоп-компјутери за деца кои тоа не може да си го дозволат, а треба да следат онлајн настава на училиште.

Во Хјустон секое трето дете доаѓа од економско загрозено семејство и немаат можност да следат настава во овие вонредни услови на пандемија. Вестбрук и претходно бил дел од хуманитарни акции и донирал храна за оние кои се економски најзагрозени.

- Оглас -

Најнови вести