Вестбрук прифати помала плата во првата сезона во Хјустон

Расел Вестбрук летово ја напушти Оклахома и потпиша петгодишен договоро со Хјустон рокитс вреден 207 милиони долари. Некогашниот МВП повторно ќе соработува со Џејмс Харден, со кого беше соиграч во редовите на Тандер.

Сепак, за да може клубот да маневрира во трејдинг периодот, Вестбрук се согласи во првата година да земе помалку од предвидените 38 милиони долари. Така Хјустон ќе се обиде да доведе уште еден квалитетен играч кој би бил поддршка за новото опасно дуо во НБА лигата.

Како носители на Ракетите, од Вестбрук и Харден се очекува атак на титулата, која ја чекаат од 1995 година. Новата сезона во најатрактивната кошаркаска лига во светот стартува од 22 октомври.

- Оглас -

Најнови вести