Вестбрук се посрамоти, обрачот му удри рампа во блескавата ноќ на Харден (Видео)

Расел Вестбрук се посрамоти во блескавата ноќ на неговиот соиграч Џејмс Харден и не успеа да ја забие топката во обрачот во ситуација кога беше сам и немаше противник пред себе.

Еден од најатрактивните забивачи во НБА лигата се прецени, или ја потцени ситуацијата, па доби рампа од обрачот и не успеа да забие атрактивно на дуелот со Филаделфија 76.

Сепак и неговата неверојатна утка, што ретко му се случувала во кариерата не беше кобна за Ракетите. Хјустон победи со 118:108, во ноќ во која Харден постигна 44 поени и имаше трипл-дабл со по 11 скока и исто толку асистенции.

Погледнете ја неверојатната утка на Вестбрук.

- Оглас -

Најнови вести