Вестбрук се жалеше дека обрачот е крив, па судијата мораше да го мери со либела (Видео)

Расел Вестбрук немаше милост и против Лос Анџелес клиперс, па даде 40 поени во гостинската победа на Хјустон рокетс од 122:117. Првата ѕвезда на Ракетите беше незадржлив, а имаше и 10 скока и пет асистенции. По првото полувреме Клиперс водеше со 15 поени разлика, но во вториот дел Хјустон одигра маестрално и успеа на направи пресврт на теренот на една од најсилните екипи сезонава.

Мечот во ЛА го одбележа и еден несекојдневен момент, кога Вестбрук едноставно не беше задоволен од тоа како е поставен обрачот на кошот. Тој ги уверуваше судиите дека обрачот е накривен, па арбитрите мораа да му докажат дека не е во право.

Еден од официјалните лица мораше да се качи на скала и со либела да провери дали обрачот е во правилна состојба. За да го уверат и Вестбрук, беше направена и фотографија на која се гледа дека обрачот е добро поставен и дека ѕвездата на гостите не била во право.

 

- Оглас -

Најнови вести