Вестбрук во новогодишната ноќ постави трипл-дабл и влезе во НБА историјата

Расел Вестбрук летово си замина од Хјустон за да го облече дресот на Вашингтон.  Новата ѕвезда во Вашингтон игра одлично и во првите четири меча кои ги одигра ги заврши со трипл-дабл. Низ историјата на НБА лигата, само еден кошаркар досега успеал првите четири меча од сезоната да ги заврши со трипл-дабл. Тоа му успеало на легендарниот Оскар Робертсон, а сега му се приклучи и Вестбрук.

На дуелот во новогодишната ноќ Вестбрук имаше 22 поени, 10 скока и 11 асистенции за Вашингтон, но неговиот тим на крајот загуби со 133:130 од Чикаго. За Вашингтон ова беше петти пораз во петиот меч сезонава и е тимот со најслаб старт сезонава, но Вестбрук се запиша во историјата на НБА.

Резултати: Индијана – Кливленд 119:99, Вашингтон – Чикаго 130:133, Орландо – Филаделфија 92:116, Хјустон – Сакраменто 122:119, Торонто – Њујорк 100:83, Оклахома – Њу Орлеанс 80:113, Јута – Феникс 95:106.

 

- Оглас -

Најнови вести