Вестбрук збесна, сакаше да тепа навивач (Видео)

Вашингтон го претрпе вториот пораз на гостувањето кај Фиалделфија, а првата ѕвезда на гостите, Расел Вестбрук збесна и тоа не поради резултатот, туку поради неористојното однесување на еден од домашните навивачи.

На почетокот на последната четвртина, Вестбрук се пожали на повреда и тргна кон соблекувалната, кога од трибините, еден неодговорен навивач на Филаделфија истури пуканки директно врз Вестбрук. Кошаркарот збесна и веднаш сакаше да се качи на трибината за да се пресмета со човекот, но неколкуте луѓе кои беа околу Вестбрук спречија да има поголем инцидент.

„Ова ги надмина сите граници. Играчите мора да бидат заштитени во салите. Сигурно овој човек нема да се осмели да помине покрај мене на улица и да ми фрли пуканки затоа што знае што ќе се случи потоа. Ќе видиме што ќе превеме НБА по овој испад“, рече лутиот Вестбрук.

 

- Оглас -

Најнови вести