Ветеранот Милнер потпиша за Брајтон, следната сезона ќе брка премиерлигашки рекорд

Легендата на Ливерпул, Џејмс Милнер, и официјално стана член на премиерлигашот Брајтон.

По осум сезони на „Енфилд“, ветеранот се пресели во Брајтон и ќе му помогне на тимот во настапите во Премиер лигата и особено во Лигата на Европа бидејќи за клубот тоа ќе биде дебитантска сезона во европските купови.

Милнер, кој е роден во Лидс, има играно и за Лидс, Њукасл, Астон вила и Манчестер сити, а со 619 меча е трети по бројот на настапи во Премиер лигата зад Герет Бери (652) и Рајан Гигс (632). Ако игра на сите мечеви следната сезона, Милнер ќе стане рекордер по број на одиграни мечеви во англиската елита.

- Оглас -

Најнови вести