Ветеранот не запира – Квалјарела го стаса Трезеге со голови на 9 меча по ред

Фабио Квалјарела постигна израмнувачки гол од пенал за Сампдорија против Јувентус и ја продолжи блескавата серија од девет натпревари на кои постигнува барем еден погодок.

Ветеранот има 35 години, но игра како во најдобрите времиња и немилосрдно ги тресе противничките мрежи. За Квалјарела ова беше десетти погодок на последните девет натпревари во дресот на Сампдорија.

Со денешниот погодок Фабио е на третата позиција на листата на стрелците со 12 голови, зад водечкото дуо Пјонтек-Роналдо со по 13.

Серијата на Квалјарела со погодоци на девет меча по ред за последен пат во Серија А пред него ја имаше Давид Трезеге во 2005 година.

- Оглас -

Најнови вести