Везе Наполи, Осимен се налути по црвениот картон, па се изнадава голови (Видео)

Виктор Осимен е во топ-форма и немилосрдно ги тресе мрежите на ривалите, а вечерва го постигна и седмиот гол на последните шест меча што ги одигра за Наполи и за својата репрезентација Нигерија.

Нигериецот со нов гол ја круниса одличната акција на домаќините и погоди за предност на Наполи, екипа која атакува на шестата победа по ред во првите шест кола во Серија А.

Погодокот на Осимен, со кој Наполи води со 1:0 по првото полувреме против Калјари, можете да го погледнете ОВДЕ.

Интересно е што Нигериецот беше исклучен на мечот против Венеција на 22 август и оттогаш како да се налути и ги решета мрежите на противниците.

По два меча пауза, се врати на теренот и постигна 7 гола на шест меча, еден од нив за Нигерија против Зеленортските Острови во квалификациите за Мундијалот во Катар.

Само на дуелот со Јувентус на 11 септември Виктор не постигна гол, а ги тресеше мрежите на Лестер двапати во меч од Лигата на Европа, потоа и на Удинезе и повторно двапати против Сампдорија и вечерва еднаш против Калјари во меч што е во тек.

 

- Оглас -

Најнови вести