Везенков се врати во Олимпијакос: Го напуштив НБА сонот, но тука е моето место

Бугарскиот кошаркар Александар Везенков се врати во Олимпијакос и официјално беше претставен на прес-конференција во Атина.

Везенков кој беше најкорисен играч во Евролигата со Олимпијакос во 2023 година, се враќа во Пиреја по една сезона во Сакраменто кингс, од каде беше префрлен во Торонто репторс. Новиот договор на крилото со грчкиот клуб е на пет години.

„Олимпијакос е моето семејство. Среќен сум што сум повторно тука. Размислував дали сакам втора шанса во НБА и дали можам да дадам најдобро што можам. Мојата прва сезона таму беше тешка. Да се биде на едно место со толку многу талентирани играчи беше училиште за мене. Не беше лесно да се откажам од мојот НБА сон, но сфатив дека тука е моето место. Најважно ми е да бидам среќен и да се борам за титули. Титулата од Евролигата е нешто што ми фали, и сакам да ја освојам“, рече Везенков кој со годишна заработка од 3,7 милиони евра ќе биде еден од најскапите кошаркари во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести