Видал дочекан со овации, легендарната „Маракана“ ќе биде неговиот нов фудбалски дом (Видео)

Артуро Видал имаше уште една година од договорот со Интер, но двете страни се договорија за предвремено раскинување, со тоа што клубот му исплати четири милиони евра на Чилеанецот. Видал не чекаше многу за да најде нова екипа, и тоа во Бразил. На пристигнувањето на аеродромот, фудбалерот беше дочекан со овации од многубројни навивачи на новиот клуб.

Цели 15 години Видал играше во Европа, и тоа за екипите на Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн Минхен, Барселона и Интер. Сега го облече дресот на прославениот Фламенго, кој настапува на легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

Според договорот, Видал ќе остане во Фламенго една и пол сезона, период во кој ќе заработи 3,7 милиони евра.

Видал за репрезентацијата на Чиле има 133 меча, во кои постигнал 32 погодоци, а двапати се радувал и на освојување на Копа Америка, и тоа во 2015 и 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести