Видал ги одби Кинезите, чека повик од Интер

Чилеанската фудбалска ѕвезда Артуро Видал сака да игра во Европа, да игра во силна лига, а ако биде принуден да ја напушти Барселона, приоритет му е трансфер во Интер. Видал најдобрите игри во кариерата ги прикажуваше во Јувентус, во време кога тренер му беше Антонио Конте, па сега повторно сака да соработува со истиот стручњак, кој во моментов седи на клупата на Нераѕурите од Милано.

Видал имал богата понуда од кинески клуб, но се заблагодарил и одбил бидејќи сака да игра во Европа, конкретно во Интер. Видал може да биде искористен и како дел од трампа со која Лаутаро Мартинес би заминал во Барса.

- Оглас -

Најнови вести