Видал објасни што сакал да направи со бакнувањето на амблемот на Јуве

Фудбалерот на Интер, Артуро Видал, преку социјалните мрежи објасни што се случи синоќа кога пред почетокот на дербито против неговиот поранешен клуб Јувентус, тој на тренерката на Џорџо Кјелини го бакна делот каде стои амблемот на Старата дама.

„Никогаш не сум имнал намера да бакнам амблем на кој и да е тим. Бакнежот беше гест на приврзаност кон брат ми со кого поминавме прекрасни години заедно. Ние се сакаме. Го почитувам мојот тим и фановите. Ќе ја дадам душата за Интер“ – напиша Видал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести