Видал: Сакаме да нè паметат како тим кој трипати по ред освојувал Копа

Репрезентацијата на Чиле може да стане првиот тим по 70 години кој успеал трипати по ред да ја освои Копа Америка, натпреварување кое многу им значи на тимовите од Јужна Америка. Полуфинална пречка им е соседот и таканаречен пацифички ривал бидејќи двете земји излегуваат на Тихиот океан.

Артуро Видал е лидерот на чилеанската репрезентација, велат дека е душата и духот на тимот, па затоа се бараше неговото мислење пред пресметката во Порто Алегре. Чиле до 2015 немаше трофеј на Копа, а сега може да врзе три по ред.

„Сакаме да бидеме запаметени во историјата како тим кој освоил три Копа Америки по ред. Затоа против Перу мора да одиграме најдобро што знаеме. Наша цел е победа и пласман во финалето. Перу игра тимски, добар колектив се, игра слично на Колумбија и знаеме дека ќе биде тешко“, вели Видал.

И Чиле и Перу во четврт-финалето преку изведување на пенали дојдоа до победи против фаворизирани ривали. Тогаш повеќе се бранеа, сега треба да нападнат. Перу како трет во својата група се протна во четврт-финалето, а таму го изненади Уругвај на пенали. Ако стигнат до финале, на Инките тоа ќе им биде најголем успех во последните 44 години.

Чиле и Перу играле полуфинале едни против други во 1979 и 2015 година, а двапати беа поуспешни Чилеанците, но на пријателски меч во октомври минатата година Перу славеше со убедливи 3-0, иако составите не беа истите како сега.

Најголем хендикеп за Перу е што најверојатно нема да игра Џеферсон Фарфан.

Можни почетни состави за вечерва

Чиле: Аријас, Исла, Медел, Марипан, Босежур, Пулгар, Арангис, Видал, Фуенсалида, А. Санчес, Варгас.

Перу: Галесе, Адвинкула, Самбрано, Абрам, Трауко, Тапија, Јотун, Карилјо, Куева, Флорес, Гереро.

- Оглас -

Најнови вести