Видал се враќа во Италија, повторно Конте ќе му биде тренер

Артуро Видал денеска треба да биде промовиран во нов играч на Интер. Чилеанскиот репрезентативец, кој досега го носеше дресот на Барселона, се договорил за трансфер во Нераѕурите.

Денеска Видал треба да пристигне во Милано и да ги одработи лекарските прегледи, пред да биде промовиран во новата екипа. Еден од најборбените играчи во Барселона доби шут карта од новиот тренер Роналд Куман, кој рече дека да планира на услугите на Видал.

Искусниот Чилеанец во Барселона дојде во 2018 година, а претходно има играно и за Јувентус и Коло-Коло, Баер Леверкузен и Баерн од Минхен. Токму додека беше во Јувентус, Видал соработуваше со Конте и заедно се радуваа на титули во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести