Видал со водечки гол за Интер брзо се извади за бакнежот (Видео)

Артуро Видал предизвика многу реакции пред стартот на Дербито на Италија, кога го бакна амблемот на Јувентус при поздравот со Џорџо Кјелини, но се извади на најдобар можен начин со водечки гол за Интер во 13. минута.

Чилеанецот беше фатен жив на камера како го бакнува амблемот на најголемиот ривал на Интер, па навивачите на Интер бесно реагираа на социјалните мрежи.

Сепак се ќе се заборави по убавиот гол на Видал, со удар со глава, со кој Интер води со 1:0 против најголемиот ривал во Италија.

https://twitter.com/BestOfSerieA/status/1350896765764071431?s=20

Видал играше за Јувентус од 2011 до 2015 година и не крие дека минал убав период во редовите на Старата Дама, а со гестот вечерва и го потврди тоа.

 

- Оглас -

Најнови вести