Видал веќе се збогува со Барселона

Артуро Видал е на пат кон Милано, каде што треба да потпише договор со Интер. Чилеанскиот репрезентативец веќе се збогувал со соиграчите во Барселона, а како што е познато, Интер ќе исплати 500.000 евра за услугите на Видал, плус бонуси.

Воедно, на Видал ќе му биде исплатена целосната плата која беше предвидена да ја заработи во последната сезона од договорот со Каталонците.

Антонио Конте конечно ќе го добие посакуваното засилување откако со Видал соработуваше во Јувентус до 2015 година.

- Оглас -

Најнови вести