(Видео) Голот од корнер ќе се памети – Андонова се прости од Барселона

Наташа Андонова се врати во редовите на македонската репрезентација по долга пауза, а летово ќе бара нова клупска средина, откако објави дека си заминува од Барселона.

„Си заминувам од Барселона, клуб кој ме прифати во овие две години како дел од семејството. Имаше и убави и тешки моменти во ови две сезони, а си заминувам со крената глава, бидејќи секогаш давав максимум за да ги оствариме целите“, објави Андонова.

Лион беше преголем залак во финалето на Лигата на шампионите сезонава и ја победи Барселона во финалето, во мечот за титулата.

Андонова одигра вкупно 43 натпревари за Барселона, а постигна 7 гола во двете сезони како членка на каталонскиот клуб.

Особено ќе се памети нејзиниот гол директно од корнер во дуелот со Валенсија.

 

- Оглас -

Најнови вести