(Видео) Каква бомба на Зимер за сензација – Нема зима без пораз за Борусија Дортмунд

Фортуна Дизелдорф приреди првокласна сензација со победата против Борусија Дортмунд, а одличната партија на аутсајдерот и победата од 2-1 со фантастичен гол ја зачини Јан Зимер.

Десното крило на Фортуна упати вистинска бомба во 56-тата минута, со која ги уништи надежите на Борусија дека може да ја заврши полусезоната без пораз.

Претходно најдобриот стрелец на Фортуна, Доди Лукебакио, искористи контранапад за предност на домаќините од 1-0, а погодокот на Пако Алаксер во финишот беше само почесен за гостите од Дортмунд.

Ова е прв пораз на популарните „милионери“ во Бундеслигата по цели 16 кола, но тие остануваат на врвот на табелата, сега со шест бодови предност пред имењакот од Менхенгладбах.

Победа дома забележа и Волфсбург против Штутгарт со 2-0, а ремизираа Херта и Аугсбург со 2-2 во Берлин.

- Оглас -

Најнови вести