(Видео) Кој е во право? Иранците го сардисаа Лахоз во 99-тата минута, не им досуди пенал за осминафинале (Видео)

Иранците бурно протестираа против одлуката на шпанскиот судија Антонио Матеу Лахоз да не досуди пенал во 99-тата минута на дуелот со САД, што можеше да ги одведе во осминафиналето на Мундијалот во Катар.

САД победија со 1:0 и го прескокнаа Иран на второто место на табелата во Б групата, доволно за настап во нокаут-фазата.

Драмата кулминираше во деветтата минута од судиското продолжение, кога Мехди Тареми падна во шеснаесетникот на САД по дуелот со Картер-Викерс, кој беше зад него.

Лахоз сметаше дека фаулот нема интензитет за да биде досуден пенал, доби поддршка од ВАР-собата и Иран не доби шанса да израмни на 1:1 во последен миг и да игра осминафинале со Холандија наместо Американците.

 

- Оглас -

Најнови вести