Видео на неделата: Цела трибина „Комити“ ја пее легендарната песна „Море сокол пие“

По две години играње во Втора лига, Вардар дочека да се врати во елитното фудбалско друштво на Македонија. Црвено-црните убедливо со 3:0 го победија Скопје во баражот кој се играше на стадионот во Кавадарци, каде што имаше неколку илјади гледачи.

Централната трибина на стадионот беше резервирана за навивачите на Вардар, популарните Комити, кои направија фантастична атмосфера во текот на целиот дуел. Пред крајот на мечот, кога беше јасно дека Вардар ќе се радува на победата, победничкото славење беше со легендарната македонска песна „Море сокол пие“.

Едноставно, атмосферата беше фантастична и би било многу убаво во иднина да гледаме многу вакви убави слики од трибините на стадионите низ цела Македонија.

- Оглас -

Најнови вести