(Видео) Нурмагомедов се извини: Жалам што ја видовте и мојата лоша страна

Им се извинувам на Комисијата во УФЦ, на цела Невада и на Лас Вегас за инцидентите. За жал ја видовте и мојата лоша страна, изјави старо-новиот шампион Хабиб Нурмагомедов.

Борецот од Дагестан беше супериорен во битката на столетието против Конор Мекгрегор, но по мечот направи непромислен потег, ја прескокна оградата и се пресмета надвор од рингот со членови на тимот на противникот.

Во комплетниот хаос што настана тројца членови на неговиот тим се уапсени поради напад на Ирецот, а казна ќе има и за Нурмагомедов.

Се шпекулира дека таа ќе биде „солена“, веројатно и една од највисоките во историјата на спортот, а се спомунва сума од 2 милиони долари.

Во рингот Нурмагомедов му одржа лекција на Мекгрегор и полесно од очекувањата го порази.

„Сите што ме познаваат ќе ви потврдат дека јас сум мирен човек, кој не прави инциденти. Бев провоциран долго време од Мекгрегор и неговиот тим. Ми го навредуваа семејството, религијата и државата на која и припаѓам. Не можев да се воздржам, но сега можам да се извинам. Секогаш сум се трудел овој спорт да го прикажам во вистинското светло. Не сум насилник и силно ќе се борам против навредите и неправдите“, изјави непоразениот шампион во УФЦ.

Нурмагимедов има 27 победи без ниту еден пираз во кариерата.

 

- Оглас -

Најнови вести