(Видео) Пепе не може без глупост – Му прости ли судијата пенал?

Пепе, стоперот на Порто, направи голема глупост во 32-рата минута од мечот против Фамаликао, но не беше казнет со прекршок за пенал откако судијата Алмеида не сакаше да го провери спорниот момент со помош на ВАР-технологијата.

Да се одлучеше за проверка, веројатно ќе покажеше на белата точка за Фамаликао, но и вака премиерниот меч за Порто по тримесечна пауза поради корона-вирусот мина лошо.

FC Famalicão 0-0 Porto – Pepe possible penalty not checked by VAR from soccer

Лидерот загуби на Градскиот стадион во Фамаликао со 2:1 од одличната домашна екипа. Вистински трагичар беше голманот Аугустин Марчезин, кој направи неверојатна грешка во 48-мата минута.

Аргентинецот на голот на Порто му ја додаде топката на Фабио Мартинс, кој осамен погоди лесно на празна мрежа. Потоа израмни Корона, но Поте повторно го фати Марчезин на спиење и со гол во 81-вата минута му донесе победа на Фамаликао.

Порто остана лидер со 60 бода, но сега има меч повеќе од Бенфика, екипа која има еден бод помалку, но е во предност, особено ако вечерва од 20.15 часот ја победи Тондела.

 

 

- Оглас -

Најнови вести