(Видео) За кого навиваше Роналдо во битката на годината?

Кристијано Роналдо му испрати порака со поддршка на Хабиб Нурмагомедов пред мечот на годината во Абу Даби против Џастин Гејџи, а по триумфот на големиот шампион и му честиташе за успешниот настап во последната борба.

Нурмагомедов лесно го победи Американецот, откако во втората рунда го „заспа во октагонот“ и потоа сензационално објави крај на кариерата.

Португалецот и претходно објавуваше пораки со поддршка за Хабиб и не криеше дека е негов голем фан. Го нарекуваше Нурмагомедов брат, а секако дека и тој е разочаран од одлуката на мајсторот во октагонот да ја заврши кариерата.

Дагестанецот си замина како непоразен и неприкосновен шампион со 29 победи на 29 меча.

- Оглас -

Најнови вести