Видеоповик од НБА-ѕвезда кој ги расположи моменталните херои (видео)

Првата ѕвезда на Голден стејт вориорс, Стеф Кари, преку видеоповик разговараше со дел од медицинскиот персонал од болницата во Оукленд за да им даде поддршка и да им се заблагодари за нивното жртвување во борбата против Коронавирусот.

Вработените во болницата, кои инаку се фанови на Воините, доживеаја убаво изненадување од еден од најдобрите играчи во НБА-лигата, а медицинската сестра која разговараше со Кари му се пофали дека го носи неговиот модел на патики „Стеф 6“.

„Нашата работа е да им приредуваме забава на луѓето, но она што вие го работите не може да се спореди со ништо. Ви благодарам што ги жртвувате вашите животи за да ги спасите нашите“, им порача Кари.

- Оглас -

Најнови вести