Видете што правеше Елмас на неговиот последен ден во Фенербахче (Видео)

Елиф Елмас објави снимка од неговото последно излегување од просториите на клубот Фенербачхе и најави дека го напушта Истанбул.

Негова следна дестинација е Наполи, а според турските медиуми, договорот дефинитивно е постигнат денеска, откако ја снемало и последната пречка, а тоа било барањето на таткото на Елиф да добие 10 проценти од парите кои ќе легнат на сметката на Фенер, што е 1,8 милиони евра. Не се знае дали клубот ќе му даде толкава сума на Џеват Елмас, кој има голем придонес што неговиот син преоѓа во италијанскиот вицешампион и тим од Лигата на шампионите.

Инаку, пред да замине од Фенер, Елмас редовно тренираше со екипата, а најде време да одигра и една партија „Текбол челинџ“, своевиден пинг-понг во кој двајцата играчи користат фудбалска топка и смеат да шутираат само со глава. Елмас подобро се снајде.

https://twitter.com/i/status/1152581790026149888

- Оглас -

Најнови вести