Легендарниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Немања Видиќ, даде совет како сегашниот капитен на Црвените ѓаволи, Хари Мегваер, би можел да ја врати формата. Во изминативе неколку месеци, Мегваер направи повеќе катастрофални грешки поради кои Манчестер губеше.
„Секој фудбалер во текот на кариерата има проблеми со формата. Тоа и мене ми се има случено. Како Мегваер да се врати во форма? Мислам дека не треба да се форсира и да игра на секој меч. Треба да добива поголема минутажа на полесните дуели за да стекне самодоверба. Кога ќе ја врати самодовербата, тогаш повторно треба да биде на теренот и во дерби-дуелите. Тешко му е сега да игра кога е под голем притисок. Луѓето едвај чекаат повторно да згреши. Мислам дека и самиот играч треба да побара да добие одмор од некои мечеви”, советува Видиќ, кој беше синоним за одличен централен дефанзивец.

