Викендов четири средби ќе завршат нерешено, најголеми фаворити за победа се Удинезе, Гранада и Фиорентина

Остануваат само уште малку повеќе од 24 часа до почетокот на новото коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза. Повеќе од 1.500 типувачи го кажаа своето мислење, а според типовите, на девет натпревари ќе има извесен победник, а четири ќе завршат нерешено.

Најголем број од играчите се одлучи за нерешено на дуелот Мајорка – Реал Сосиедад, односно дури 46,11%, додека малку помал е процентот за нерешено на дуелот Валенсија – Севиља, 45,85%.

Големи проценти за реми има и на дуелите Нотингам форест – Вест хем и Фрајбург – Ајнтрахт Франкфурт. Најголеми фаворити се екипите на Удинезе и Гранада во дуелите против Каљари и Алмерија на домашен терен, додека од гостите се очекува сигурна победа на Фиорентина над Емполи.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести