Виктор Треневски суспендиран за пцуење на судијата

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора го суспендираше тренерот Виктор Треневски со еден меч забрана за вршење на функцијата и со парична казна од 300 евра. Треневски, кој е тренер на клубот Ком од Подгорица, беше исклучен викендов на дуелот со Рудар Плевља поради неспортско однесување, поточно навредување на официјалните лица на натпреварот.

Треневски ја кажа својата страна од приказната и се извини.

„Никогаш во животот не сум опцул судија. Можеби сум опцул во афект, но судија никогаш. Првпат видов да се досуди пенал по сигнализација на помошникот и тоа придонесе за мојата нервоза бидејќи многу често се судат пенали против нас во последно време. Се извинувам за непримерното однесување“, рече Треневски по поразот од 2-3. Ком уште од септември цели девет кола не знае за победа.

- Оглас -

Најнови вести