Виландер повторно го провоцира Ѓоковиќ

Некогашниот шведски тенисер, а сега коментатор на телевизијата „Еуроспорт“, Матс Виландер, не е омилен кај фановите на Новак Ѓоковиќ бидејќи често го критикува и потценува Србинот, а тамам се смири и долго време немаше кажано нешто негативно за Ноле, сега повторно ги налути поддржувачите на второпласираниот тенисер на светската АТП ранг-листа.

„Доминик Тим се држи до планот за игра, а порано знаеше да отстапи. Тој ужива на терен и знае да погоди некои неверојатни удари. Ако зборуваме за уметнички впечаток, тој е подобар од Ѓоковиќ, Надал и Федерер“, рече Виландер, кој додаде дека мислел на силата и префинетоста кои ги има Австриецот.

- Оглас -

Најнови вести