Вимблдон без ланскиот финалист, Ник Кирјос го откажа учеството!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос нема да учествува на годинешниот гренслем Вимблдон, кој почнува денеска.

Кирјос лани дојде до финалето на овој славен турнир кој се одржува веќе 136 години, но годинава нема да има прилика да го повтори успехот и поради повреда на зглобот на раката, го откажа учеството.

Кирјос, кој е 33-ти на АТП-листата, во првото коло требаше да игра со Белгиецот Давид Гофан. Со откажувањето на Кирјос, дополнително се олеснува патот на Новак Ѓоковиќ до нова гренслем титула. Кирјос неодамна изјавуваше дека само тој може да го совлада Србинот на Вимблдон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести