Вимблдон прв пат од 1998 година ќе биде без Роџер Федерер

Речиси една година помина од последниот меч на Роџер Федерер. Тоа се случи на гренд слем турнирот во Лондон, популарниот Вимблдон. Федерер потоа имаше проблеми со повредите и едноставно уште не е вратен на теренот.

Факт е дека Федерер има летово ќе наполни 41 година, но тој вели дека уште не е дојдено времето да оди во пензија. Сепак, Швајцарецот сезонава ќе прекине една одлична низа. Повеќе од две децении, Федерер секогаш играл на Вимблдон, а годинава ќе го нема на неофицијалното светско тениско првенство.

„Треба се да биде во ред со моето колено, а од тоа зависи и моето враќање на теренот. Секако дека не планирам да играм повеќе од 20 турнири во сезона, а знам дека моите деца би биле среќни да видат некои места како што се Мајами или Лондон“, рече Федерер.

Вимблдон е омилениот Гренд слем турнир на Федерер, а Швајцарецот има дури осум титули на овој престижен турнир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести