Рингов се расплака за Вардар: Како тргнало, ќе го снема Вардар (Видео)

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Вардар, Васил Рингов, не можеше да ги задржи солзите кога е во прашање ситуацијата во која сега се наоѓа неговиот омилен клуб. Рингов гостуваше во емисија на 24ТВ, а кога требаше да зборува за тоа што се случува во Вардар, едноставно му дојдоа солзи на очите.

„Вардар беше репрезентација на Македонија. Во Вардар играа сите квалитетни, најдобрите играчи…. Страшна работа е ова. Не е проблем втора лига, па и трета. Јас мислам како што тргнало, ќе го снема Вардар“, со солзи во очите коментираше Рингов.

 

 

- Оглас -

Најнови вести