Вини Џонс: Најбрз гол? Пробајте да добиете жолт картон за три секунди!

Некогашниот фудбалер на Челзи, Вини Џонс, кој беше познат како „касап“ и кариерата ја заврши пред 20 години, на шеговит начин го искоментира голот на Шејн Лонг, кому му требаа 7,7 секунди на дуелот со Ватфорд. Легендарниот Џонс е рекордер во Англија по брзина на добиен жолт картон.

Откако синоќа главна вест беше рекордно брзиот гол на Лонг, и Џонс се пофали дека има и тој со што да се истакне и испрати порака до премиерлигашките играчи.

„Пробај да добиеш жолт картон за пет секунди“, напиша фудбалерот кој беше познат по жестокоста, а славата ја стекна како член на „лудата банда“ на клубот Вимблдон.

Цврстото момче Џонс додека играше за Челзи, има добиено јавна опомена само три секунди по почетокот на мечот за фаул над Дејн Вајтхаус од Шефилд. Потоа, како играч на Шефилд, „пожолте“ за 5 секунди против Манчестер сити.

Ова е жолтиот картон кој за неполни 5 секунди го доби Џонс во 1990 година на мечот помеѓу Манчестер сити и Шефилд јунајтед:

- Оглас -

Најнови вести