Винипег и Анахејм броеја до осум, Вашингтон и Флорида сигурни

Винипег јетс триумфираше со огромни 1-8 на гостувањето кај Каролина хурикејнс за враќање во победнички колосек по поразот од Тампа беј. Гостите одиграа фуриозна прва третина во која четири пати ја тресеа мрежата на Каролина, а противникот го докрајчија во последните седум минути од средбата.

Винипег го оствари вкупно 40-от триумф по 67 меча во регуларниот дел од сезоната, додека Каролина го претрпе вториот последователен пораз.

 

Анахејм исто така реализираше осум погодоци во победата на домашен терен од 8-2 против Монтреал канадиенс. Домаќините поведоа со 2-1 во првиот период, а потоа во два наврати реализираа уште по три гола.

Шампионот Вапингтон капитолс на домашен терен беше сигурен против Њу Џерси девилс со 3-0, Флорида пантерс со убедливи 6-2 го совлада тимот на Минесоста вајлд.

- Оглас -

Најнови вести