Од оваа година има две големи новини поврзани со Златната топка, а тоа е што освен магазинот „Франс фудбал“, кој речиси 70 години го доделува признанието, сега е помогнат и од УЕФА како организатор и одлучено е до последен момент да не се открива кој е победникот.
Во Реал се спремаа во Париз да заминат со 50-члена експедиција, во која требаше да бидат и членови на семејството на Винисиус, но денеска дознале дека Винисиус не е освојувач на Златната топка, туку Шпанецот Родри од Манчестер сити, па се решија да го бојкотираат настанот на кој УЕФА сакала да ги понижи со тоа што ќе „извисат“ иако беа убедени дека Вини е најдобар на светот и никој не може да има повеќе гласови од него.
Во УЕФА се во војна со Реал Мадрид бидејќи Кралскиот клуб е главен околу идејата за Суперлига надвор од Европската фудбалска унија и најдоа начин како да му се одмаздат и се шпекулира дека токму УЕФА наводно инсистирала Златната топка да не ја добие некој од Реал.
Теренот за Родри се подготвуваше уште летоска, кога тој изненадувачки беше прогласен за најдобар играч на ЕВРО 2024, иако во шпанската селекција имаше неколку играчи со поголем придонес и подобри просечни оценки од него.
Стартуваше силна пропаганда и од Реал, кој го туркаше Винисиус, но и од друга страна за Родри да биде најдобар, и стана јасно дека некој од нив двајца ќе го добие признанието. „Најки“, кој е спонзор, прво изработи златни копачки за Винисиус, но подоцна и за Родри.