Винисиус го фаќа последниот воз за Копа Америка

Еден од фудбалерите на Реал Мадрид на кои Зинедин Зидан смета за следната сезона, а уште не заиграле за него е Винисиус. Младиот Бразилец се повреди на кобниот дуел со Ајакс во Лигата на шампионите, но веќе тренира нормално и задутре би можело да заигра на гостувањето кај Хетафе.

Камбекот за Винисиус има двојно значење. Прво да се наметне кај Зидан, а второ да го убеди селекторот Тите дека треба да го повика за Копа Америка во јуни, настан на кој Бразилците се домаќини.

Тите порача дека ако Винисиус не игра, нема да биде повикан за првенството на Јужна Америка, а од друга страна, младата ѕвезда беше во улога на манекен при претставувањето на новиот бел дрес на „кариоките“.

- Оглас -

Најнови вести