Винисиус: Мислам дека наскоро ќе се заврши сè околу договорот

Бразилскиот фудбалер Винисиус во разговор за бразилски „ТНТ спорт“ изјави дека се надева дека наскоро ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид. Вини има договор до јуни 2027, а во тек се преговори за продолжување на соработката, што би значело исклучување на можноста да замине во Саудиска Арабија, од каде што има огромна финансиска понуда.

„Мислам дека наскоро… сето тоа (обновувањето) може да се заврши. Имам договор до 2027, им верувам на сите во клубот кои ми помогнаа многу. Среќен сум во Реал Мадрид и сакам да станам легенда на клубот“, рече 24-годишниот фудбалер.

Винисиус има повеќе жолти картони од голови во шпанската лига и се пожали на третманот.

„Се лутам кога некој противнички играч нема да добие заслужен жолт картон. Јас еднаш ќе се пожалам и веднаш ми даваат картон. Мора да ги поправам тие работи“, вели Бразилецот.

- Оглас -

Најнови вести