Винисиус не е во составот, Азар може да добие шанса во Реал

Реал Мадрид вечерва гостува кај Кадис, што за Кралскиот клуб е генерална проба пред гостувањето од Лигата на шампионите кај Челзи во вторник, па актуелниот шпански и европски првак ќе штеди дел од силите, бидејќи приоритет им е елитното европско натпреварување.

Вечерва во составот на Реал ќе ги нема стандардните стартери Тони Крос и Винисиус жуниор, кои добија одмор, и тоа е шанса за поголема минутажа на некои играчи кои се во втор план.

Тренерот Карло Анчелоти најави дека може да му даде прилика да заигра на Еден Азар, најскапата трансфер утка на Реал. Белгиецот е тотално во сенка на Винисиус, а неиграњето на Бразилецот вечерва, може да значи настап на Азар.

Шансите на Азар да биде стартер не се големи, но би можел да влезе во игра на местото на Родриго или Асенсио кои би требало да го формираат напаѓачкото трио заедно со Бензема. Азар играше 26 минути во неодамнешната победа од 6-0 над Валјадолид, а последен пат бил стартер на 3-ти јануари и тоа во меч од Купот против нисколигашот Касерено.

- Оглас -

Најнови вести