Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус, е во центарот на вниманието поради доделувањето на Златната топка, која отиде во рацете на Родри, иако сите очекуваа дека ќе ја освои токму бразилецот.
Реал Мадрид сакаше да ја искористи ситуацијата и да го продолжи договорот со репрезентативецот на Бразил, но според информациите на „Релевао“, Винисиус се заблагодарил на понудата и воопшто не сакал ниту да преговара, а не да го продолжи договорот.
Шпанскиот медиум наведува дека можна причина за ваквото однесување е понудата од една милијарда евра, која Винисиус ја има на маса од клубот од Саудиска Арабија, односно договор за пет сезони според кој би заработувал по 200 милиони евра годишно.