Винс потсети на најдобрите денови, Дончиќ залудно побрз од звукот на сирената (видео)

Атланта хокс стигна само до деветтата овосезонска победа совладувајќи ги Детроит пистонс со 98:95. Ветеренот Винс Картер потсети на неговите најдобри денови, не му е проблем да ја забие топката и на 42 години. Картер го оствари својот сезонски рекорд по број на поени, заврши со 18,  дури 14 поени од нив ги реализираше во првата четвртина, а додаде и седум скока во својата статистика.

Далас маверикс во продолженија загуби на гостувањето кај Портланд при конечни 121:118, а потегот на мечот го имаше Лука Дончиќ. Словенечкото чудо од дете повторно правеше атракции, а изнуди да се игра дополнителен период откако погоди тројка на 0,6 секунди за израмнување на 107:107.

Сепак, домаќините беа подобри во решавачките минути, а вистинска штета е што Далас не го украси делото на Дончиќ со победа. Словенецот заврши со дабл-дабл од 23 поени и 11 скока, од Далас најефикасен беше Барнс со 27 поени, додека Портланд ги предводеше Лилард со 33 поени и седум асистенции.

https://twitter.com/NBA/status/1077058135729287168

Резултати НБА:

Детроит пистонс – Атланта хокс 95:98

Индијана пејсерс – Вашингтон визардс 105:89

Бостон селтикс – Шарлот хорнетс 119:103

Бруклин нетс – Феникс санс 111:103

Кливленд кавалирс – Чикаго булс 92:112

Орландо меџик – Мајами хит 91:115

Саскраменто кингс – Њу Орлеанс пеликанс 122:117

Оклахома сити тандерс – Минесота тимбервулвс 112.114

Голден стејт вориос – ЛА клиперс 129:127

Портланд трејлблејзерс – Далас маверикс 121:118

ЛА лејкерс – Мемфис гризлис 99:107

- Оглас -

Најнови вести