Виртуелниот дуел Севилја – Бетис го проследија 60.000 гледачи

Фудбалерите на Севилја и Бетис, Серхио Регилон и Борха Иглесијас, приредија спектакл за повеќе од 60.000 гледачи на виртуелниот дуел меѓу андалузиските ривали. Со помош на платформата за онлајн-пренос Twitch и популарната видеоигра FIFA 20, дефанзивецот на Севилја и напаѓачот на Бетис одлучуваа кој е газда во шпанската покраина.

Во голеада од 11 погодоци подобар беше Иглесијас со 6-5, за задоволство на повеќе од 60 илјади верни навивачи на двете екипи. Во период без фудбал, видеоигрите се супер идеја да се остане во контакт со најважната споредна работа, а исто така се добра занимација за да се „убие“ време додека трае пандемијата со Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести