Виси плејофот за Лејкерси по новиот пораз, овојпат од Филаделфија (ВИДЕО)

Изминатава ноќ во НБА беше сиромашна и се одиграа само два натпревари.

Лос Анџелес лејкерс без Леброн Џејмс во тимот загубија на гостувањето од Филаделфија 76-ерс со 105:87.

Џоел Ембид ги предводеше домаќините со 26 поени, а Лејкерси убедливо загубија и покрај одличната партија на Ентони Дејвис, кој имаше дабл-дабл учинок од 31 поен и 12 скока.

Со овој пораз, Лос Анџелес се на деветтото место на Западот и барем засега се далеку од првите шест позиции и во ваква форма ќе мора да играат во дополнителниот плејин-турнир.

Но, ако се врзе уште некоја серија проази, тогаш нема да бидат ни меѓу најдобрите десет екипи, што ќе биде рамно на катастрофа за франшизата.

Во втората средба, Голден стејт ворирорс ја победија Минесота тимбервулфс со 124:115, а кај победниците најефикасен на средбата беше Стеф Кари со 29 уфрлени поени.

- Оглас -

Најнови вести