Вистинско ценкање – Санчо е на трансфер-пазар, Манчестер јунајтед и Борусија Дортмунд се далеку од договор

Џејдон Санчо е на трансфер-пазарот, а за него заинтересиран е Манчестер јунајтед, клуб што ѝ понуди на Борусија Дортмунд 70 милиони евра.

Милионерите првично истакнаа цена од неверојатни 120 милиони евра за еден од најдобрите млади играчи во Европа и актуелен репрезентативец на Англија.

Разликата е огромна, па почна и ценкањето, а според германските медиуми, последното снижување во Дортмунд е до 90 милиони евра отштета за Санчо и плус пет милиони евра во бонуси.

Манчестер јунајтед е на потег, а од сенка разврска чека и Челзи. Европскиот шампион сака да го ангажира Санчо, тренерот Томас Тухел не крие дека Џејдон му е еден од омилените млади играчи, но во Англија велат дека Санчо сака да игра за Црвените ѓаволи.

Веќе е договорена и неговата плата во Манчестер јунајтед, ќе изнесува 15 милиони евра по сезона, што е двојно повеќе од таа што ја има во Борусија.

Клубот од Дортмунд одлучи да чека и се надева дека 21-годишниот офанзивец ќе блеска на Европското првенство и дека цената ќе му расте.

 

- Оглас -

Најнови вести