Вицешампионот на Европа и официјално тргна по потписот на дефанзивецот на Баерн

Екипата на Интер и официјално испрати понуда до Баерн Минхен за ангажманот на дефанзивецот Бенџамин Павар. Според шпекулациите понудата изнесува 25 милиони евра, но тешко дека ќе биде прифатена од “баварците“ кои ќе бараат најмалку 30 милиони евра за да го ослободат французинот.

Баерн го купи Павар од Штутугарт во 2019-тата година за 35 милиони евра, а дефанзивецот минатата сезона забележа 43 настапи во кои постигна седум голови и забележа една асистенција.

Договорот на Павар и Баерн истекува следното лето, но играчот е заинтересиран за трансфер во Интер, па очекувањата се дека трансферот нема да има големи пречки за да се случи.

- Оглас -

Најнови вести