Вицешампионот во голем стил ја заврши 2018 година

Вегас голден најтс со убедливи 5-1 го совлада тимот на Аризона којотс за завршување на 2018 година во голем стил. Вицешампионот ја забележа 23-тата победа и се најде на третото место на Западот.

Пет различни хокејари се запишаа на листата на стрелците, а средбата се реши уште во седмата минута од третиот период, кога „витезите“ остварија три гола предност, а до крајот реализираа уште еден гол во моменти кога беа со играч помалку на мразот.

Денешни средби НХЛ:

Вашингтон капитолс – Нешвил предаторс (18:30 часот)

Њу Џерси девилс – Ванкувер канукс (19 часот)

- Оглас -

Најнови вести