Вивијано менува клубови за да биде резерва – Интер си најде бекап за Хандановиќ

Емилијано Вивијано се навикна да биде резерва и повторно ќе биде во таа улога, но во нов клуб, во Интер Милано. Денеска ги мина медицинските прегледи и се очекува да стави потпис на договорот.

Со ангажманот на Вивијано, кој има солидно голманско педигре и шест настапи за италијанската репрезентација, Интер си најде уште еден добар голман како алтернатива за неприкосновениот Самир Хандановиќ.

Емилијано ќе бие битка со Падели и Станковиќ за позицијата прва резерва во Интер, а доаѓа во редовите на Нераѕурите од СПАЛ, клубот во којшто бранеше како позајмен голман од Спортинг Лисабон.

- Оглас -

Најнови вести