Владе Дивац го отпушти тренерот на Сакраменто кингс

Дејв Џeргер веќе не е тренер на Сакраменто кингс, а одлуката за негово разрешување ја донел генералниот менаџер Владе Дивац.

Откако доби нов четиргодишен договор и поголеми овластувања, прв чекор на Дивац е смена на тренерот со кој Кингс не успеаја да влезат во плејофот, иако имаа најуспешна сезона во последните 13 години. Сакраменто имаше 30-27 на Олстар-паузата, но заврши со 39-43, па 13-та сезона по ред е надвор од плејофот.

„Моја е одлуката. Мислам дека сме во добра позиција да најдеме квалитетно тренерско решение, посакувана дестинација сме. Сезонава можевме повеќе, а сезоната штотуку заврши, имаме време. Нема да го менуваме стилот на игра, новиот тренер треба да го култивира начинот на којшто играат Кингс“, вели Дивац.

Според шпекулациите, потенцијални кандидати се Лук Волтон ако си оди од ЛА лејкерс, потоа Монти Вилијамс, кој е помошник во Филаделфија, и Италијанецот Еторе Месина, кој му помага на Грег Попович во Сан Антонио.

- Оглас -

Најнови вести